Непроменети продажните цени на индустриски производи во јуни

30

industriski-proizvodi-pixabay

Фото: Pixabay

Продажните цени на производителите на индустриски производи во јуни оваа година останаа непроменети на месечно ниво, а се повисоки за 3,2% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во јуни 2017, во споредба со мај 2017, продажните цени на производителите на индустриски производи се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 2%, а се повисоки во секторот Преработувачка индустрија за 0,2% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,4%.

Во јуни 2017, во споредба со јуни 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 14,8%, во секторот Преработувачка индустрија за 2,3% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1,1%.