Непроменети трошоците на живот и цените на мало во септември

16

supermarket-123-pixabay

Фото: Pixabay

Трошоците на животот и цените на мало во септември 2017 година во однос на претходниот месец се на исто ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Вкупно, трошоците на животот и цените на мало се на исто ниво во однос на претходниот месец, но во септември се забележани промени по одделни групи.

Пораст на трошоците на животот во септември 2017 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и замрзнат зеленчук освен компир за 2,3%, млекото за 1,5%, другите преработки од месо за 1,2%, сушеното, соленото и чаденото месо за 0,9%, изнутриците и јогуртот за 0,7%, јајцата за 0,6%, алкохолните пијалаци за 0,5%, другите пекарски производи, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,3% и безалкохолните пијалаци за 0,2%.

Во септември, исто така, пораст на трошоците на животот е забележан и кај гасот за домаќинствата за 4,1%, течните горива за домаќинствата и течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 2,4%, информатичката опрема за 1,9%, теписите и другите покривки за под за 1,3%, цврстите горива за домаќинствата за 1,2%, малите електрични апарати за домаќинствата, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 1,1%, опремата за спорт, кампување и рекреација во природа, ветеринарните и другите услуги за домашни миленици за 1%, дискови, касети, дискети, ЦД, филмови за 0,8%, градините, растенијата и цвеќињата за 0,5%, големите електрични апарати за домаќинствата, резервните делови и опремата за сопствен превоз за 0,4%.

Намалување на трошоците на животот во септември 2017 година, во споредба со претходниот месец, е забележанo кај сувото овошје и јаткастите производи за 7%, другите прехранбени производи за 1,2%, сушениот зеленчук, друг конзервиран и преработен зеленчук и компирот за 1,1%, оризот за 0,6%, брашното и другите жита за 0,5%, рибата и морските плодови, свежото и разладеното овошје за 0,4%, сирењето и урдата за 0,2%.

Исто така, во септември, намалување на трошоците на животот е забележано и кај болничките услуги за 9,1%, услугите за сместување за 4,6%, авионскиот превоз на патници за 3,1%, туристичките пакет аранжмани за 1,3%, предметите за лична хигиена и здравје за 1,2%, алатите и опремата за куќа и градина, услугите за лична хигиена за 0,9%, обувките за 0,5%, мебелот за домаќинствата, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање за 0,3%, облеката, поправките на мебел, покуќнината и покривките за под, накитот и часовниците за 0,2%.

Трошоците на животот во септември 2017 година, во споредба со септември 2016 година, бележат пораст од 1,7%, а кај цените на мало има зголемување од 4,1%.