Неработната недела не би го загрозило функционирањето на општеството

64

Во врска со законот за предвремено пензионирање министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на емисијата Вин Вин на Телевизија Телма објасни дека договорот за работа завршува со навршени 64 години старост и 15 години стаж доколку со друг закон не е поинаку решено.

“Од овој закон исклучоци се оние дејности каде што имаат недостаток на кадар и каде што одењето во пензија би го загрозило функционирањето, тоа би било во здравството и високото образование. Притоа проценката ја прави менаџерот, директорот, раководителот, согласно потребите додека не се најде кадар кој што би го заменил дотогашниот, изјави Шахпаска.

Во однос на подготовката на новото законско решение за недела-неработен ден, министерката истакна дека работните групи и сите засегнати страни работат секојдневно, со цел изнаоѓање на најприфатливо и најиздржано решение и во ниту еден момент не би се загрозило функционирањето на општеството и ќе има исклучоци за оние дејности кои се неопходни.

Фото: Pixabay