Netflix има повеќе од 200 милиони претплатници

32

Американскиот медиумски гигант, Netflix информира дека на крајот на 2020 година надмина 200 милиони претплатници и ги зголеми приходите за една петтина во последниот квартал од годината. Добрите резултати се благодарение на пандемијата, поради која луѓето повеќе време поминуваа пред екраните.

Во период од октомври до декември Netflix регистрира 8,5 милиони нови клиенти коишто плаќаат стриминг. Со ова бројот на претплатници на крајот на 2020 година достигна 203,7 милиони.

Netflix планира да ја прошири базата на претплатници во 2021 година, но и конкуренцијата не мирува, па така Walt Disney во декември лани ја претстави новата програма Disney+, а AT&T на Warner Bros планира од оваа година сите филмови да ги испраќа на каналот HBO Max и во кино салите.

Се проценува дека во првите три месеци од оваа година, на Netflix ќе се претплатат шест милиони нови членови. Приходите во последните три месеци од 2020 година пораснаа за 21,3% на 6,64 милијарди долари, а нето добивката се намали за 7,7% на 542,2 милиони долари.

Фото: Freepik