Невакцинираните непожелни за работодавците

51

Глобалниот лидер во кампањата за вакцинација, Израел се соочува со нов предизвик: како да се балансираат правата на оние кои сè уште не биле вакцинирани или не сакаат да бидат вакцинирани, бидејќи работодавците најавуваат дека таквите луѓе не се посакувани вработени.

Како што пишува Ројтерс, половина од Израелците примиле барем една доза вакцина за коронавирус, а владата минатата недела започна со отворање на економијата, по една година ограничувања и работа од дома.

Увертира во откази

Сепак, некои делови од економијата ги затвораат вратите за оние кои не биле вакцинирани, без разлика дали не сакаат да се вакцинираат поради уверување или здравствени причини. 

На пример, некои компании планираат да забранат невакцинирани работници да влегуваат во канцеларија и деловни простории, па организациите за заштита човекови права сметаат дека ова е увертира за делење на откази. Синдикатите, пак, предлагаат компромисно решение – тестирање на секои 72 часа.

“Веќе се помирив со фактот дека нема да ме поканат на какви било настани или дека ќе ми биде дозволено да влегувам во некои простории“, вели Хила Бар, сопственик на компанија која нема намера да се вакцинира затоа што е скептична на медицинската наука.

Израелската кампања за вакцинација, веќе позната во светот по својата динамика, не е задолжителна.

“Секој што не е вакциниран ќе биде изоставен“, неодамна предупреди министерот за здравство, Јули Еделштајн. Тој јасно стави до знаење дека неодамна се воведени сертификати за вакцинација, кои овозможуваат неограничена употреба на спортски теретани и влез во киносали и туристички центри покрај Мртвото Море, како дел од иницијативата за промовирање на имунизацијата.

Фото: Pixabay