“Невидливи“ соларни панели во форма тула, дрво или шиндра

259

solaren panel tula

Италијанската компанија Duaqua дизајнираше нов изглед на соларни панели под името Invisible Solar Panels.

Панелите изгледаат исто како дрво, тула или шиндра, така што многу лесно можат да се прилагодат на постоечкиот изглед на покривот, што не е секогаш случај со соларните панели. На овој начин може дури и стари и историски значајни објекти да бидат енергетски ефикасни, без да се наруши нивниот автентичен изглед.

solarni paneli izgled

Панелите се изработени од рециклирани и нетоксични материјали, а во исто време се доволно издржливи за да бидат дел од покривите или местата каде што ќе се постават.

Фотонапонските ќелии на овие панели се вградени во површинскиот слој на материјалот.

Компанијата бара поддршка од 20.000 долари на глобалната платформа за групно финансирање, Indiegogo.

duaqua