Невработеност од 24,6% во последното тримесечје од 2015 година

23

Стапката на невработеност во последното тримесечје од минатата година е 24,6%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Активното население во Република Македонија брои 949.525 лица од кои вработени се 715.758, а 233.767 лица се невработени.
Стапката на активност во овој период изнесува 56,6%, додека стапката на вработеност е 42,7%.