Невработеност од 26,8% во второто тримесечје од 2015

11

Стапката на невработеност, во второто тримесечје од оваа година, изнесува 26,8%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Стапката на активност во овој период, според податоците, е 57%.

Активното население во земјава во пресметковниот период брои 956.174 лица, од кои вработени се 699.578, а 256.596 се невработени.