New Way Limited избрана за членка на организацијата на водечки компании за недвижности во светот

54

new way limitedNew Way Limited, истакната компанија за недвижности која работи на македонскиот пазар, е избрана за членка на организацијата на водечки компании за недвижности во светот или Leading Real Estate Companies of the World®во Чикаго, објави денеска Оливер Димитровски, сопственик и управител.

New Way Limited се приклучи кон Leading Real Estate Companies of the World®, глобална мрежа која се состои од 500 најпознати локални и регионални компании за недвижности, има 4.600 канцеларии и 140.000 соработници во САД, како и во повеќе од 40 други земји во светот. Вкупно, овие компании продаваат околу 900.000 домови годишно.

Leading Real Estate Companies of the World® е најголемата мрежа на компании за станбен простор, како и мрежа на филијали кои се многу добро познати како врвни провајдери на квалитетен станбен простор и релокациски услуги. Исто така, Leading Real Estate Companies of the World® е супериорна дури и на најскапиот пазар за недвижности во светот.

LeadingRE ги обезбедува своите филијали со широк спектар на брокерски услуги, кои вклучуваат интернет рекламирања за квалификувани испитувања на продажби обезбедувајќи информации за корисниците, препораки за различни пазари, поддршка за брендирање, луксузен маркетинг, онлајн рекламирање, технолошки системи и водечки во индустријата за професионален развој.

“Изборот за филијала на Leading Real Estate Companies of the World® мрежата претставува чекор напред во развојот на компанијата и нејзината способност да обезбеди услуги поврзани со недвижности во Скопје и пошироко”, забележува Оливер Димитровски.

New Way Limited, со 10 агенти за продажба, беше избрана за членка на Leading Real Estate Companies of the World® само откако ги исполни сите потребни стандарди и услови кои ги бара мрежата.