Производителот на спортска опрема, Nike објави дека го раскинува спонзорскиот договор со бразилскиот фудбалер, бидејќи Нејмар одбил да соработува во интерна истрага за сексуално злоставување што против него ја поднела вработена во компанијата.
Нејмар, кој моментално игра за PSG, негира такво обвинение, а неговата портпаролка вели дека сигурно енергично ќе се бори доколку јавно биде изнесено обвинение на негова сметка. Од неговиот тим велат дека таквите наводи се неосновани и навеле дека причина за раскинување на договорот со Nike било од комерцијални причини.
Оваа изјава доаѓа по текстот на Wall Street Journal околу истрага против Нејмар,
“Nike ја прекина врската со спортистот Нејмар бидејќи одбил да соработува во добронамерна истрага за обвинение за незаконско постапување кон вработени“, се наведува во изјавата на Nike.
Бразилскиот фудбалер Нејмар по 15 години го раскинал договорот со Nike, вреден повеќе од 85 милиони евра, што беше еден од најголемите спонзорски договори во спортот, по што стана ново заштитно лице на Puma.
Фото: Facebook











