Nintendo со профит од 428% за три месеци

35

Јапонскиот производител на електроника и видео игри, Nintendo има пораст на оперативниот профит во висина од 428% во првиот квартал од фискалната година.

Овој силен раст е доказ за тоа колку профитираше индустријата на видео игри поради пандемијата, пренесува CNBC.

Оперативната добивка достигна 1,4 милијарди долари во периодот април – јуни, со што ги надмина очекувањата на аналитичарите.

Нето продажбата на видео игри на Nintendo се зголеми за 108%, во споредба со истиот период лани.

Фото: Freepik