Nissan со квартална добивка пониска за 70%

27

Јапонскиот автомобилски бренд, Nissan забележи пад од 70% на кварталната добивка, поради што ја намали годишната проценка за добивка на 11-годишниот минимум, пишува Reuters.

Како причина за лошите резултати се наведува пад на продажбата. Глобалната продажба на возилата на Nissan е намалена за 7,5% на 1,27 милиони во овој квартал.

Продажбата во Кина, што е најголем поединечен пазар на компанијата, е намалена за 2,5%, додека падот на американскиот пазар е 4,5%.

Фото: Pixabay