НЛБ Тутунска банка ја заврши 2014 со добивка од над 672 милиони денари

21

nlb

НЛБ Тутунска банка прикажа добивка од 672.641.000 денари за период од 01.01 до 31.12.2014 година, покажуваат податоците од билансот на успех, објавен на Македонска берза.

Банката во 2013 година прикажа позитивен финансиски резултат од 625.337.000 денари, што е за 7,6% помалку во однос на 2014 година.

Нето приходите од камата на банката во 2014 година изнесуваат 2.000.621.000 денари, додека нето приходите од провизии се на ниво од 920.547.000 денари.