НЛБ Тутунска банка лани оствари добивка од над 831 милиони

19

nlb

НЛБ Тутунска банка, во период од 01.01. до 31.12.2015 година, прокнижи нето добивка во висина од 831.951.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Една година претходно, банката оствари добивка од 672.641.000 денари.

“Нето добивката на банката изнесува 831.951.000 денари и е повисока за 23,7% во однос на 2014 година“, се вели во Анализата на финансиските резултати на банката, објавена на Македонска берза.

Нето приходите од камати на крајот на 2015 година беа на ниво од 2.433.988.000 денари.

“Во 2015 година, нето каматните приходи беа повисоки за 21,7% во однос на претходната година. Приходите од камати се зголемија за 1,9% како резултат на повисоки остварени приходи од камата во сегментот население, коишто се резултат на повисока состојба на кредити, при намалени каматни стапки во однос на минатата година, како и поради повисока состојба на благајничките записи“, стои во Анализата.

Во 2015 година билансната сума, како што се наведува, се зголеми за 4.392.403.000 денари или за 6,8% и достигна 69.299.762.000 денари. Порастот, според податоците од Анализата, беше генериран од растот на депозитите од небанкарскиот сектор коишто се зголемени за 4.711.756.000 денари или за 9,1% и достигнаа 56.705.920.000 денари.

Вкупните кредити кон небанкарскиот сектор се зголемени за 5.278.535.000 денари или за 13,7% и изнесуваат 43.675.150.000 денари.