НЛБ Тутунска банка оствари уште една успешна деловна година

60

nlbНЛБ Тутунска банка оствари една од најуспешните деловни години. Нето добивката на Банката за 2012 година изнесува 8,1 милиони евра, повратот на капиталот РОЕ е 10,1%, билансната актива е 968 милиони евра, додека нивото на нефункционални пласмани е 7,6%, со што Банката повторно оствари подобри резултати од просекот на македонскиот банкарски сектор и традиционално, веќе 28 години, според сите параметри на ликвидност, солвентност и профитабилност се издвојува како една од најуспешните и најстабилните банки во Република Македонија.

На Собранието на акционерите, втора година по ред, беше одлучено целата остварена добивка од 2012 година, да се реинвестира во резервите на Банката, со што се овозможува понатамошен раст на кредитните активности, висока ликвидност и висока адекватност на капиталот од 15,32%.

На крајот на 2012 година, вкупните кредити изнесуваат 556,4 милиони евра, од кои 289,4 милиони се пласирани кај стопанството, додека кај населението се пласирани 267 милиони.

За следната година планирано е зголемување на постојното кредитно портфолио, со посебен акцент на кредитирање на микро, малите и средни претпријатија и населението, за што веќе е направено олабавување на каматните и кредитните услови.