Норвешки фонд заработи 44 милијарди долари во третиот квартал

43

Норвешкиот суверен фонд заработи 44 милијарди долари во третиот квартал, благодарение на зајакнување на акциите на американските технолошки компании во корона криза.

Технолошкиот сектор е меѓу ретките индустрии кои имаат корист од мерките за затворање, воведени за спречување на ширењето на пандемијата, бидејќи многу луѓе беа принудени да работат од дома и да купуваат преку Интернет, пoтсетува Ројтерс.

“Финансиските пазари сè уште се погодени од несигурноста околу коронавирусот“, изјави извршниот директор Николај Танген. “И покрај тоа, берзите имаат добри перформанси, најмногу заради силните перформанси во технолошкиот сектор во САД“, додаде тој.

Норвешкиот фонд за стабилизација поседува удели во приближно 9.200 компании ширум светот или 1,5% од сите котирани акции и инвестира и во обврзници и во недвижнини.

Најголемиот светски фонд за суверено богатство има намера да ја зголеми својата позиција во американските акции откако технолошките компании ќе објават добри финансиски податоци и се чини дека се најдобро подготвени за постпандемиската економија.

Норвешка исто така го користи фондот за да го ублажи влијанието на ковид врз нејзините граѓани, со планови да направи рекордни повлекувања во оваа година.

Фото: Pixabay