Норвежаните ова лето најмногу во Хрватска и Грција

27

Околу 70% од Норвежаните кои оваа година сакаат да одат на одмор во странство, најпосакувани дестинации им се Хрватска и Грција, покажува истражување на скандинавски туроператор.

“Авиопревозниците од Скандинавија, па и Норвешка, се многу внимателни во поставување на авиолинии, но за оваа сезона планираат значително поголем број на летови кон Хрватска во однос на минатата година“, вели Ведран Сушиќ, директор на претставништвото на Хрватската туристичка заедница во Шведска.

Таквите планови смета дека значат доверба што Норвежаните ја имаат во Хрватска како безбедна дестинација.

Од Норвешка минатата година во Хрватска дошле околу 4.000 туристи кои оствариле околу 24.000 ноќевања, што претставува голем пад во однос на 2019 година.

Фото: Pexels