Нов бизнис – Tesla гради гигантска батерија

49

Најголемиот систем на батерии во светот, оној што Јужна Австралија го купи од Tesla, на крајот на 2017 година, наскоро ќе биде симнат од врвот. Сојузната држава Викторија ќе добие нов, поголем, на десетина километри југозападно од Мелбурн. И овој проект ќе го гради Tesla.

Системот Hornsdale со моќност од 100 мегавати, во Јужна Австралија може да снабдува електрична енергија со 30.000 домаќинства околу еден час и на тој начин да помогне кога, поради разни природни непогоди, ќе се изгуби редовно снабдување со електрична енергија во кој било дел на областа.

До крајот на 2019 година, овој систем веќе донесе заштеда од над 50 милиони долари, што е еднакво на почетната инвестиција во него.

Сега овој пример го следи и соседна Викторија, откако сега тие му ја доверија на Тesla задачата да изградат уште поголем систем на батерии. Тој ќе има моќност од дури 300 мегавати. Изградбата ќе почне кон крајот на 2021 година. 

Фото:YouTube printscreen