Нов дизајн и нови функционалности на НајдиДом.мк

25

najdidom

НајдиДом.мк е платформа која го започна својот пат пред само шест месеци. Во тој краток временски период успеа да се наметне како корисна алатка, која на македонскиот корисник му го поедноставува патот до новиот дом. Со намера активно да ги следи потребите и да го подобри искуството на корисниците, НајдиДом.мк направи два редизајна на изгледот и функционалностите во своето шестмесечно постоење. Спроведе повеќе анкетни прашалници врз чија основа ја направи најновата верзија од страната.

Новата верзија има освежен изглед, а воведени се и повеќе нови функционалности како одговор на потребите на корисниците. За корисниците кои не зборуваат македонски јазик, направени се верзии на албански и англиски јазик. Сега пребарувањето е уште полесно затоа што сите филтри се достапни од едно мени. Исто така, на новата верзија можете да најдете и статистички податоци за пазарот на недвижнини кои ќе ви бидат од корист доколку купувате или продавате недвижнини.

“Со НајдиДом.мк само еден клик ве дели од вашиот нов дом”, велат од НајдиДом.

За дополнителни информации контактирајте го тимот на НајдиДом.мк на: info@najdidom.mk +389 78 885 641