Нов тренд меѓу богатите Американци

172

Американскиот пасош децении наназад беше еден од најпосакуваните, бидејќи на оние што го имаа со себе им гарантираше слободно патување во многу земји од светот. Но, пандемијата си ги вмеша “прстите“, па предизвика нов тренд меѓу богатите Американци, а тоа е купување државјанство од други земји, пишува Washington Post.

Откако многу држави почнаа да ги отвораат своите граници, кај поголемиот дел од нив не се најдоа САД како земја чии граѓани можат да влезат на нивна територија поради пандемијата од коронавирусот.

Од таа причина, богатите Американци кои се навикнати постојано да патуваат, почнаа да бараат “спас“ во купување странско државјанство.

Според Арманд Артон, претседател на компанијата Arton Capital, специјализирана за добивање државјанство преку инвестиции, дојде до “пораст на предностите од поседување повеќе од еден пасош“.

Тие инвестиции може да се однесуваат на недвижнини, бизнис зделки, инвестиции во хартии од вредност и слично.

Фото: Freepik