Нова Експозитура на НЛБ Тутунска Банка во Скопје

254

НЛБ Тутунска банка ја прошири деловната мрежа со нова експозитура на бул. Климент Охридски број 30.

Експозитурата го опслужува сегментот население и правните субјекти.

Првите десет штедачи во новата експозитура ќе добијат бесплатна кредитна картичка Visa Classic или MasterCard Standard, а првите корисници на електронско банкарство за физички лица – НЛБ Клик, ќе добијат бесплатен НЛБ мТокен (апликација за мобилен телефон за генерирање на еднократни лозинки при плаќање преку НЛБ Клик).