Нова индустриска развојна зона Ранковце

32

На површина од 40 хектари, денеска започнаа градежни активности за изградба на новата технолошко-индустриска развојна зона (ТИРЗ) во Ранковце. Во оваа зона предвидена е изградба на 18 градежни парцели организирани во два блока, а за изградбата на внатрешната патна, водоводна, канализациска и телекомункациска инфраструктура, Владата на Република Македонија ќе инвестира 12 милиони евра.
ТИРЗ Ранковце се наоѓа на атрактивна локација во близина на Коридорот 8, меѓу Куманово и Крива Паланка, оддалечена околу 40 километри од граничниот премин Деве Баир, 50 километри од граничниот премин Табановце, како и само 70 километри од аеродромот Александар Велики.
Придобивките од изградбата на оваа индустриска зона се повеќекратни, бидејќи нејзината изградба е предуслов за нови инвестиции и отворање на нови работни места.
Досега во функција се двете зони во Скопје и Штип, а во тек се градежните активности во зоните во Гевгелија, Битола, Кичево, Прилеп и Струмица. Во фаза на подготовка се и документите за отпочнување на градба на зоните во Берово, Виница, Делчево, Струга и Радовиш.