Нова технолошка индустриска развојна зона во Радовиш

18

Изградба на нова технолошка индустриска развојна зона денеска ќе почне во Радовиш. ТИРЗ Радовиш ќе зафаќа површина од 10 хектари.

Во текот на овој месец треба да биде поставен камен темелник и за изградба на ТИРЗ Струга. Во тек е тендер за избор на компанија која  ќе ги изврши градежните активности за изградба на ТИРЗ Ранковце.

Владата донесе одлука и за основање технолошко индустриски развојни зони во Берово и во Виница. Со тоа се заокружуваат 14 од 15-те предвидени ТИРЗ во Програмата за работа на Владата. Според најавите, Владата, треба да донесе одлука за основање на ТИРЗ и во Делчево.