Новата банкнота од 5 евра од денес во промет

75

5 evraНовата банкнота од пет евра, прва од серијата наречена Европа, од денес ќе биде пуштена во промет, соопшти Европската централна банка.

Старите банкноти се уште важат и постепено ќе се повлечекуваат од промет, но и по нивното повлекување ќе може старите банкноти да се заменат во банките.

Една од причините за воведување на нови банкноти е поради превземање посилни безбедносни мерки против фалсификување, а делумно и за да се подобри дизајнот.

Фалсификувањето банкноти отсекогаш бил проблем, па затоа на новата банкнота се ставени воден печат со ликот на Европа и холограм со нејзиниот лик.