Нови седум локации за инвестиции во општина Илинден

19

Седум нови локации на градежно земјиште со намена Г2 – лесна и незагадувачка индустрија, ќе бидат на располагање за нови странски инвестиции во економската зона Илинден.

Како што објави општината, право на учество на јавното наддавање ќе имаат физички и правни лица кои што ќе достават Пријава за учество во електронско јавно надавање најдоцна до утре (16 часот).