Нови задолжувања и раздолжувања и во последниот месец од годинава

Нови задолжувања и раздолжувања и во последниот месец од годинава. Во вторник, првиот работен ден по празниците, ќе се одржи аукција на државни записи без девизна клаузула со рок на доспевање од 12 месеци – државата ќе бара заем од скоро 49.000.000 евра. Истиот ден државата планира да обезбеди уште 1.630.000 евра од обврзници со рок на доспевање од 15 години. Според објавениот проспект на Министерството за финансии, каматата на обврзницата ќе изнесува 4,85 % а главницата ќе треба да се исплати во декември 2040 та година.

Три дена подоцна, или на 12 декември, петок, следува нов заем во вредност од 1.630.000 евра. Тогаш ќе биде издадена нова Граѓанска обврзница со рок на доспевање од 2 години и каматна стапка 4,50%. Поединечниот износ на една обврзница изнесува 10. 000 денари. Овој нов инструмент беше воведен пред две години со цел да се раздвижи финансискиот пазар. Министерството за финансии во текот на ноември ги исплати парите од претходната граѓанска обврзница во износ од 17,6 милиони евра и камата од 880.000 евра.

Втората граѓанска обврзница Министерството за финансии ја издаде на 7 ноември 2023 година, со рок на достасување од две години и годишна камата од 5 отсто. Иако првично министерството најавуваше дека ќе се анализира дали воопшто ќе се применува овој инструмент, сепак продолжи со издавање на овој вид на државни записи. Досега се издадени две граѓански обврзници во вкупен износ од над 41 милион евра.
Целиот текст на Локално.мк