Новиот Amarok пристигна во Порше Македонија

24

amarok_presse_wueste

Новиот Amarok ја доживеа својата премиера во Хановер. Втората фаза на V6 моторот, е исто така за прв пат промовирана во седиштето на производителот. Многу брзо по светската премиера моделот пристигна и во Македонија. Шест – цилиндричниот мотор со 150kW или 204КС, е достапен во Comfortline и Highline нивото на опрема, во комбинација со 8-степен автоматски менувач и 4Motion перманентен пренос на сите тркала или со 6-брзинскиот мануелен менувач и 4Motion селективен пренос на сите тркала, стои во соопштението.

За прв пат во Европа, V6 турбо моторот кај новиот Amarok го задоволува Еуро 6 стандардот. Моторот со 150kW и 204КС TDI дизел мотор, којшто нуди максимален вртежен момент од 500Nm, е достапен во Порше Македонија. Овој мотор претставува средна варијанта од вкупно трите варијанти на новиот V6 мотор коишто се, исто така, достапни.

На врвот на понудата се наоѓа моторот со 224 КС, којшто во комбинација со 8-брзинскиот автоматски менувач и 4Motion перманентен пренос на сите тркала е достапен само со Highline нивото на опрема.

Pick – up варијантата е идеална за на асфалт, но и надвор од него. Развивајќи 550 Nm и 165kW или 224КС, достигнува максимална брзина од 193 km/h и забрзување од 0 до 100 km за 7,9 секунди, Amarok е единствениот pick – up од В сегментот којшто е опремен со V6 мотор.