Новиот gmail ќе вклучува пораки што “исчезнуваат“

18

Фото: Google

Комуникацијата преку е-маил стана понесигурна во последно време, па луѓето се префрлија на користење на апликации како WhatsApp, Snapchat или Viber, пишува CNN.

Иако gmail има 1,4 милијарди активни корисници на месечна основа, Google сака луѓето повторно да им веруваат на е-мејловите и да ги сметаат за безбедни. За таа цел компанијата претстави нова алатка за “исчезнување” на пораките.

Оваа нова верзија на gmail ќе биде достапна од оваа недела и ќе има “освежен“ дизајн, snooze опција, и алатка за одбирање приоритети.

Со таканаречениот Confidential Mode ќе постои можност мејловите да “исчезнуваат” од 1 ден до 5 години, а исто така gmail ќе бара пин од примателот на пораката, за истиот да може да ја прочита. Овие доверливи мејлови ќе се отвораат во посебен прозорец, којшто нема да му дозволи на примачот да ја копира, препрати или испечати пораката.

Confidential Mode ќе функционира и за мејлови коишто не се пратени преку gmail.