Новиот Холандски скејл-ап Sales.Rocks со иновативно решение

108

Холандискиот скејл-ап Sales.Rocks, една од брзорастечките софтверски компании во Македонија, го збогатува своето порфолио со алатка за напредно пребарување копмании и контакти за прецизно таргетирање на потрошувачи.

“Company Search” модулот е практична алатка наменета за сите маркетери и агенти за продажба. Користејќи филтри за пребарување како локација, индустрија, големина и статус на компанија, опции за контактирање (одговорно лице, телефонски број, мејл, веб-страница) и многу други, овој модул им овозможува на компаниите да ја надополнат својата датабаза со релевантни податоци за своите идни потрошувачи.

Ова иновативно решение овозможува пристап до повеќе од 33 милиони детални и редовно ажурирани компаниски информации добиени од јавни извори.

“Наместо професионалците да трошат време и пари рачно пребарувајќи информации за своите потрошувачи, можат да ги искористат предностите од Bulk алатката и за неколку минути да креираат прецизно таргетирана база на податоци”, истакна извршниот директор и основач на Sales.Rocks, Карстен Броих, додавајќи дека Sales.Rocks постојано е во потрага по амбициозни луѓе од Македонија кои би сакале да бидат дел од тимот на оваа брзо растечка компанија.

Sales.Rocks е дел од Sample Solutions, Европски лидер во податоци за истражување на пазарот уште од 2009 година. Пред 3 години, холандискиот скејл-ап ги отвори првите канцеларии во Скопје вработувајќи над 60 лица. Целта е до следната година компанијата да брои над 100 вработени.

Новата Bulk алатка дополнително ќе ја зацврсти нашата позицијата во Европа и заложбите да ги подобриме датабазите на нашите клиенти со најквалитетни компаниски информациии, максимизирајќи ги нивните маркетинг и продажни напори.

Фото:Facebook