Новиот музеј на Apple во Прага

30
Untitled
Три јаболка го променија светот. Првото ја стави Ева во искушение, второто го инспирираше Њутон, а третото Стив Џобс му го понуди на светот, полуизедено.

Во новоотворениот Apple музеј во Прага може да се види најголемата приватна колекција на Apple производи од 1976 до денес, пишува Macrumors.

Музејот се наоѓа во реновирана историска зграда, а надворешните прозорци се декорирани со интересни дизајни од Apple производи, мислите на Стив Џобс, каде е сместена и популарната изрека за трите јаболка од непознат автор.

Меѓу изложените производи се стари компјутери како Apple Lisa од 80-тите, Apple II и уште неколку постари Mac и NeXT компјутери. Во еден дел се изложени и неколку принтери, во друг се наоѓаат примероци од PowerMac и iMac, а во трет се прикажани различни типови на iBook, PowerBook и MacBook модели.

Исто така е изложена и секоја верзија на iPhone и iPad, почнувајќи од 2007 година. Помеѓу производите се наоѓаат и неколку лични предмети од Џобс, како алманахот од средно, една јакна и разни документи.

Во ресторанот којшто се наоѓа во музејот се нуди веган храна, во чест на Стив Џобс, чија исхрана беше токму таква, а има и игротеки за деца.

Билетите за влез можат да се купат од веб страната на Apple музејот по цена од 11 евра.

Целата збирка фотографии е објавена на Imgur.

imacs-800x600iphonesipods-800x470ooooooapplemuseumprague-800x600kkkkooutsidewindow-800x600pppopr