Ново право – нема јавување на шефот по завршување на работното време

77

Мнозинството членови на Одборот за вработување и социјални работи на Европскиот парламент усвои резолуција со која се повикуваат членките на ЕУ да им обезбедат на работниците “право на ефикасно исклучување“, односно да ја прекинат комуникацијата по работното време.

Ова прашање се наметна со зголемувањето на бројот на работници кои работат од дома поради пандемијатата со коронавирус, а гласаа 31 членови на Одборот, додека шест беа против, а 18 воздржани, пренесува Пословни дневник.

Објаснувањата за ваквата иницијатива се однесуваат и на ставовите на европратениците, кои исто така укажуваат на зголемената потреба можноста за исклучување да биде основно право, работниците да можат да се воздржат од работа, телефон и комуникација преку е – пошта, по работното време без никакви последици.

Според Европската фондација за подобрување на условите за работа и живот Eurofound, од избувнувањето на пандемијата во земјите-членки на ЕУ, повеќе од една третина од вработените работат од дома.

Фото: Freepik