Новогодишна постпејд промоција во ОНЕ – Најниска месечна претплата и подарок Samsung смарт телефон

40

BB Novogodisna kampanja 2015_FINAL 2_2Предновогодишно, телекомуникацискиот оператор ОНЕ ги изненадува своите постоечки, но и идни корисници со нова супер атрактивна промоција во мобилната постпејд телефонија.

Од денеска, па се до истекот на промотивниот период, корисниците кои ќе ги изберат новите постпејд промотивни пакети ќе зборуваат и испраќаат СМС пораки кон сите мрежи без ограничувања на времето и бројот на пораките, опуштено ќе сурфаат на мобилен интернет, а притоа на подарок ќе добијат и одличен смарт телефон.

Новиот промотивен пакет на ОНЕ е единствен по своите карактеристики и во моментот е најконкурентен постпејд на пазарот, кој за само 599 денари месечна претплата нуди: неограничени разговори кон сите национални мрежи, неограничени СМС пораки кон сите национални мрежи, 5 GB мобилен интернет секој месец и Смарт телефон Samsung Trend Lite за 0 денари.

Промоцијата важи за сите нови, но и постоечки приватни и бизнис постпејд корисници на ОНЕ кои ќе направат обнова на договорот на нови 24 месеци.

Дополнително, за корисниците кои ќе одлучат да го префрлат својот број од другите мрежи во мрежата ОНЕ нуди и дополнителен попуст за нов мобилен телефон.