Новогодишна промоција на Близу – добиј 7-инчен таблет Quadcore со секој пакет со три услуги!

13

tablet

Со почеток од 01.12.2014 г., телекомуникацискиот оператор Близу ја промовира новата новогодишна кампања, со која сите нови корисници на пакетите со три услуги, вклучувајќи го и промотивниот пакет 3 Плус Делукс, ќе добијат екслузивна можност да добијат 7-инчен таблет Quadcore. Kорисниците ќе можат да изберат помеѓу двата модела на таблети:

Point-of-view: 7”, Quad-core Cortex – A7, 512 MB DDR3 SD RAM, 8 GB NAND, Android OS, 4.4 (KitKat), WiFi 802.11 b/g/n;

Lenovo: 7”, Quad-core 1.3 GHz, 1 GB RAM, Android OS, 4.4.2 (KitKAt), WiFi 802.11 b/g/n.

Таблетите се достапни со месечна доплата од само 159 денари/ месечно за моделот Point-Of-View, односно 249 денари/месечно за моделот Lenovo.

Промоцијата важи за сите нови корисници кои ќе потпишат договор за пакет со три услуги на 24 месеци. Специјалната новогодишна промоција е временски и количински ограничена, до 31.12.2014 година.

Близу ДООЕЛ Скопје е телекомуникациски оператор кој од јуни 2014 година е во сопствеништво на Групацијата Телеком Австрија. Операторот на своите корисници им нуди комплетни телекомуникациски услуги: супербрз неограничен интернет со брзина до 100 Mbps, дигитална телевизија со најголем избор на канали со висока резолуција и фиксна телефонија без месечна претплата, по цени достапни за сите.