Ножеви, куршуми, запалки наместо лампиони на елката во аеродромот во Вилнус

52

Најголемиот аеродром во главниот град на Литванија во предновогодишните празници е посебен бидејќи на сите патници и посетители добредојде им посакува една многу необична елка.

Како што пишува BBC, елката е украсена со ножеви, куршуми, запалки…, запленети од багажот на патниците. Елката ја има најнеобичната декорација за празниците, составена од запленетите предмети што патниците не смеат да го носат во својот багаж.

“Целта е да се испрати едукативна порака за тоа колку е важна безбедноста во авијацијата… Доколку не сакате ваши лични, но забранети, предмети да се најдат на божикната елка, подобро проверете што ќе спакувате за вашиот следен лет“, вели портпаролот на аеродромот.

Фото: Youtube