Нудат медицински сестри во замена за вакцини

44

Филипините ќе им овозможат на илјадници здравствени работници да добијат работа во Германија и Велика Британија доколку се согласат да им ги донираат потребните вакцини, пишува Ројтерс.

Филипините, земја со најголем број заболени од коронавирус во Азија, ги намалија ограничувањата за вработување во странство на нејзините здравствени работници, но тој број сè уште е ограничен на 5.000 работници годишно.

Алис Висперас, директорка на канцеларијата за труд во странство во Министерството за труд, вели дека Филипините се подготвени да ги отстранат ограничувањата во замена за вакцините од Велика Британија и Германија, кои би биле искористени за вакцинирање на работници кои заминуваат во странство и стотици илјади Филипинци кои се враќаат во нивната земја.

Медицинските сестри се меѓу милионите филипински работници кои работат во странство, донесувајќи повеќе од 30 милијарди годишно на дознаки потребни на земјата.

“Разгледуваме барање за укинување на ограничувањето за заминување, ако се договориме“, рече Висперас за Ројтерс.

Филипини треба да започне кампања за имунизација за 70 милиони возрасни, а оваа недела ја чекаат првата испорака на вакцини, донација од Кина.

Фото: Pixabay