Објавен оглас за консултант за национален авиопревозник

22

avionМинистерството за транспорт и врски објави оглас за избор на консултантска компанија што ќе изработи физибилити студија за можноста за формирање редовен национален авиопревозник во Република Македонија, јавува МИА.

Според огласот консултантската компанија ќе треба да подготви студија за економска оправданост на проектот и да анимира реномирани странски авиокомпании за пројавување интерес за национален авиопревозник, како и да ја советува Владата за избор на квалитена понуда.

Сите заинтересирани консултантски компании понудите треба да ги достават до 29 декември.

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески изјави дека по склучување договор заедно со избраната консултантска компанија и концесионерот на скопскиот аеродром ТАВ треба да анимираат што е можно поголем број компании, кои ќе понудат услови.

“Врз база на нивните услови и она на што ние можеме да го понудиме ќе се направи пакет кој потоа ќе биде презентиран пред јавноста и ќе распишеме јавен повик со кој ќе бараме национален авиопревозник”, потенцираше министерот Јанакиески.