Објавени цените на вакцините против Ковид-19

179

Цените на вакцините најверојатно ќе се движат од неколку до околу 60 долари, а најголемиот проблем ќе биде транспортот и дистрибуцијата на овие вакцини бидејќи огромен број на луѓе треба да се вакцинираат.

AstraZeneca: Три или четири долари по доза

Вакцината на компанијата AstraZeneca би чинела помеѓу три и четири долари по доза, што е значително пониско од конкурентските вакцини и се дава во две дози. Грубо, изразено во евра, две дози од оваа вакцина би чинеле максимум околу 10 евра.

Pfizer/BioNTech: 16 долари доза

Вакцината Pfizer/BioNTech се проценува дека е малку поскапа и би чинела околу 16 долари, или 19-20 евра по доза. Бидејќи оваа вакцина се дава во две дози во рок од 28 дена, тоа значи дека оваа вакцина би чинела околу 40 евра по лице.

Novavax: 16 долари доза

Проценетата цена на една доза на вакцината на оваа американска компанија ќе биде околу 16 долари.

Moderna: 37 долари

Проценката на цената на дозата на вакцината развиена од американската компанија Moderna беше дека таа ќе чини помеѓу 50 и 60 долари.

Sinovac: 60 долари две дози

Кинеската вакцина од компанијата Sinovac чини околу 60 долари за две дози и веќе започна да се продава, бидејќи доби дозвола како дел од програмата за одобрување во вонредни состојби.

Johnson & Johnson’s: 10 евра по доза

Цената на вакцината на Johnson & Johnson’s ќе биде околу 10 евра по доза.

Руската вакцина: 10 долари за две дози

Спутник V, вакцината на Центарот Гамалеј, според руските медиуми, ќе чини околу 10 долари за две дози.

Фото: Freepik