Облачно и топло, температура до 35 степени

21

Времето во Македонија денеска ќе биде умерено облачно и топло. Повремено ќе дува ветер од западен правец, особено во југозападниот дел. Попладне ќе има услови за излорина нестабилност. Температурата ќе се движи од 25 до 35 степени.

Во Скопје и околината умерено облачно и топло, со услови за изолирана нестабилност во попладневните часови и со температура до 33 степени.