Облачно со повремени врнежи од дожд

13

Времето во Македонија денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои локално се очекува да бидат пообилни (над 15л/м2). Ќе дува умерен јужен ветер, кој попладне ќе го промени правецот во северен и повремено ќе се засилува. Дневните температури ќе опаднат и ќе се движат од 11 до 19 степени.

Во Скопје и околината слично време со температура до 17 степени.