Облачно со врнежи од дожд

21

Времето во Македонија денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, особено попладне, кога ќе има услови за локална нестабилност во вид на пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Дневните температури ќе се движат од пет до 17 степени.

Во Скопје и околината слично време со температура до 14 степени.