Облак од којшто врне текила

61

oblak

Фото: YouTube

Врнежите би можеле да станат поинтересни бидејќи Мексиканците измислија облак од кој врне текила. Овој кумулус (вид на облак) е производ на мексиканскиот туристички одбор, којшто во соработка со рекламната агенција Lapiz го прикажаа во уметничка галерија во Берлин, пишува Telegraph.

Тие очекуваат дека овој инвентивен начин ќе ги потикне германските туристи да ја посетат земјата јужно од американската граница, по консумирање на чашка текила.

Метеоролошки инспирираната тема е смислена да ги потсети Германците дека за време на најдождливиот месец во земјата, во Мексико ги чека сончево време. Изумот е програмиран да пушта капки само кога надвор врне дожд.