Обука за корпоративни секретари

38

Комисија за хартии од вредност на Република Северна Македонија, Македонската берза АД Скопје и Институтот на директори веќе подолго време соработуваат со цел да ги промовираат добрите практики на корпоративното управување во компаниите и воопшто на пазарот на капитал во Република Северна Македонија. Имајќи ги предвид светските трендови, трите институции одлучија да ја организираат втората обука за корпоративни секретари во Република Северна Македонија

Улогата на корпоративниот секретар е да се унапреди квалитетот на корпоративното управување во компанијата и да се почитуваат постојните корпоративни правила и политики, притоа грижејќи се за примена на законските процедури од страна на органот на управување и остварување на правата и обврските на одборот на директори, односно надзорниот одбор во согласност со законите, статутот и другите акти на друштвото. Корпоративно управување ја дефинира и регулира позицијата на корпоративен секретар, кој им помага на органите на управување во исполнувањето на секојдневните активности како инструмент за подобрување на работењето на друштвото преку поефикасни проверки и усогласувања на процесите. Како професионалец со единствен збир на знаења и способности, корпоративниот секретар помага за воспоставување и одржување добра комуникација меѓу различните органи на управување на друштвото во согласност со статутот и со интерните акти на друштвото. Корпоративниот секретар е клучен играч во рамките на раководниот тим на било која компанија со соодветни способности, визија и вредности, потребни за да ја водат својата компанија и нејзините клиенти напред. Корпоративниот секретар треба да ја зголеми довербата и кај другите лица кои се засегнати од работењето на компанијата.

Цената за учество на обуката за едно лице е 9.000,00 денари, а компаниите кои ќе пријават два или повеќе учесника ќе имаат -10% попуст за секое лице.