Од декември директна авионска линија Скопје – Берлин

18

fly germaniaOд 20 декември годинава, германската авиокомпанија Флај Германија ќе почне со редовни летови Скопје – Берлин и тоа два пати неделно, во понеделник и петок.

На средбата меѓу министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и претставници на Флај Германија се разговарало и за можноста за воведување на дополнителни дестинации до Хамбург, Штудгард и Франкфурт.

Флај Германија постои 26 години и располага со флота од 18 авиони.