Од денеска достапни новите државни обврзници на Официјалниот пазар

Македонска берза информира дека согласно барањето од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија за котација на државни обврзници, почнувајќи од денеска (22.5.2026 година) на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација државните обврзници со следните карактеристики:

Вид на хв: државни обврзници без девизна клаузула  
Вредност на емисијата:  204.230.000 МКД
Број на издадени хв: 20.423
Номинална вредност на една обврзница:  10.000 МКД
Датум на издавање: 21.5.2026
Датум на достасување: 21.5.2031
Каматна стапка:   4,45%
Шифра на тргување: M210531
ИСИН:    MKMINF20GDD8

Вид на хв: државни обврзници без девизна клаузула  
Вредност на емисијата: 1.734.900.000 МКД
Број на издадени хв: 173.490
Номинална вредност на една обврзница: 10.000 МКД
Датум на издавање: 21.5.2026
Датум на достасување: 21.5.2041
Каматна стапка:  5,20%      
Шифра на тргување:  M210541
ИСИН:    MKMINF20GDE6

Вкупната вредност на двете емисии изнесува безмалку две милијарди денари, односно точно 1.939.130.000 денари, а државата преку нив нуди атрактивни каматни стапки за инвеститорите во следните 5 и 15 години.