Од денеска нов карантин, а во земјата има скоро пола милион невработени

21

Пандемијата поради Ковид-19 не дозволува да закрепнат ниту најразвиените земји, а освен новиот бран, Австрија моментално се соочува со кризна ситуација кога станува збор за невработеноста, додека синоќа се случи и терористички напад во Виена.

Пред вториот карантин, којшто веќе го воведоа Германија и Франција, Австрија бележи дури 423.750 невработени лица, а новите ограничувања може да ја зголемат бројката на половина милион.

Тоа е зголемување за 19,7% во споредба со октомври 2019 година.

Фото: Pixabay