Од ХЕЦ Шпилје испорачани 141 милиони киловат часови електрична енергија

21

Турбините на хидроелектричната централа Шпилје, која претставува значаен електроенергетски објект, во деветте месеци од годинава произвеле 141 милиони киловат часови електрична енергија.

“Во периодот јануари – септември произведени и испорачани во енергетскиот систем се 141 милион киловат часови електрична енергија, што претставува 50% од вкупниот план на годишно производство. Моментно во акумулацијата Дебарско Езеро има резерва на вода за производство на над 20 милиони киловат часови“, велат надлежните, пренесува Миа.

Според нив, електраната работела според потребите на електроенергетскиот систем, а оствареното производство може да се оцени како солидно, ако се има предвид фактот дека во првиот квартал од годинава хиролошката состојба била неповолна. Се нагласува и фактот дека по барање на инвеститорот и изведувачот на работите околу санацијата и реконструкцијата на Мелнички Мост во летните месеци е намален дотекот на вода во акумулацијата до прифатливо ниво.