Извозот на плута минатата година достигна ниво од 1,96 милијарди долари, што е за 6,3% помалку во однос на 2018 година, покажуваат податоците на World’s top exports.
Најголем извозник во светски рамки лани беше Португалија со 60,8% удел во светскиот извоз на плута и заработка од 1,2 милијарди долари.
Меѓу петте најголеми извозници на плута лани беа и: Шпанија (379,8 милиони долари), Франција (105 милиони долари), Италија (49,7 милиони долари) и Германија (33,9 милиони долари).
Според податоците, од земјите во регионот, највисоко котира Бугарија со извезена плута во висина од 2,3 милиони долари. Потоа следат: Грција (390.000 долари), Словенија (303.000 долари), Србија (254.000 долари), Хрватска (183.000 долари) и Босна и Херцеговина (7.000 долари).
Македонија ја нема на листата извозници на плута.
Фото: Freepik











