Од Кина стигна предупредување дека западните финансиски пазари пребрзо растат

89

Гуо Шичинг, шеф на Кинеската регулаторна комисија за банкарство и осигурување, предупреди дека може да се создаде меур на развиените финансиски пазари во наредниот период, бидејќи “нивниот раст не е во согласност со растот на реалната економија“.

Додаде дека лабавата монетарна политика е најмногу одговорна за големиот раст на американскиот и европскиот пазар. Тој раст, според него е неоснован во реалните економски индикатори. И ако овој меур пукне, вели Шичинг, Кина, која е директно поврзана со финансиските пазари на развиените земји, исто така ќе го почувствува тоа.

Азиските берзи реагираа негативно на неговата изјава, поради стравот од инвеститорите дека зад неа се крие намерата на Кина да го ограничи приливот на странски капитал.

Дали тоа навистина ќе се случи ќе се дознае во петок, кога кинескиот парламент ќе расправа за текот на економската политика во наредниот период и ќе објави петгодишен план за економски развој.

Фото: Pixabay