Од креативна идеја до профитабилен бизнис: Сè е лесно кога се работи со љубов

437
5-front
Ивана Колева, сопственик на брендот Сe за роденден.мк

“Беше некаде околу пет часот наутро. Цела вечер око не можев да склопам. За два дена ми доаѓаше мојот 25-ти роденден. И тогаш ми дојде креативна идеја: да основам компанија која ќе нуди се за најубавиот ден во годината – роденденот“, вели Ивана Колева, основач и сопственик на компанијата Креатива Плус и брендот www.sezarodenden.mk.

“Таа вечер ја видов големата визија за мојот иден бизнис. Оттогаш поминаа скоро четири месеци, а денес со задоволство можам да кажам дека  www.sezarodenden.mk го разубавува роденденот на многу луѓе во земјава“, раскажува Колева.

Главната дејност на компанијата е купување роденденски ваучери преку Интернет и нивно доставување како изненадување на домашна адреса. Но, компанијата нуди услуги и за организација на родендени, како и пакување на бизнис подароци.

БИ: www.sezarodenden.mk е релативно нов портал на македонскиот пазар, специјализиран за подароци кои се нарачуваат и плаќаат онлајн. Какви услуги нудите, што се може да се нарача и на кој начин функционирате?

Понудата на компанијата е навистина голема. Кај нас можете да најдете над 300 креативни предлози за подарок за роденден. На пример, можете да подарите масажа со шампањско или чоколадо, незаборавна дегустација на сортни вина, карти за театар, лет со параглајдер, јавање коњи, третмани за убавина, филиграни, портрети насликани на шише вино… Навистина изборот е голем. Имаме склучено договор за соработка со над 70 реномирани домашни и странски компании – брендови.

12

БИ: Колку време ви требаше да ја реализирате идејата?
Работев напорно цели четири месеци пред отворањето на бизнисот. И воопшто не беше лесно да оддржувате некогаш и по осум состаноци во само еден ден. За мене лично можеби најголемиот успех е тоа што успеав да склучам толку многу договори со реномирани компании за бизнис идеја која се уште не можеше никаде да се види. Но, директорите и сопственици на компании беа воодушевени од овој бизнис концепт. Потоа, на 31 октомври 2012 се случи  најголемото свечено отворање на интернет продавница што досега некој го организирал во земјава. Поканивме над 300 гости, организиравме цела шоу-програма, доделивме многу награди и уживавме заедно со вино и џез на почетокот на создавањето на најубавата роденденска бизнис приказна во Македонија.

4БИ: Како мала фирма со ограничен буџет, како успеавте да се пробиете на пазарот?

За младите претприемачи, според мене ова е можеби и најголемиот предизвик во бизнисот. Кога пробивот на пазарот е во прашање, тука нема застанување. Во првиот месец од отворањето на компанијата, над 10.000 луѓе веќе ја посетија нашата интернет продавница. Уште првиот ден имавме три нарачки и тоа за мене беше најубавото нешто. Малите фирми на почетокот се непознати на пазарот, а потребен е секако добар буџет за маркетинг активности и тука се наоѓа оној магичен круг – немате многу средства бидејќи се уште не сте познати на пазарот, а истовремено потребно е да бидете агресивни со маркетинг активности за да стигнете до степен на продажба со која подоцна ќе можете да ги финансирате истите тие активности.

Во нашиот случај применивме многу герила маркетинг, предходно новинарско искуство и конекции, предавања на факултети и средни школи, гостувања по ТВ емисии, организирање хуманитарни забави и сл. На крајот на денот, се изгледа лесно кога се работи со љубов.

БИ: Што најчесто бараат вашите клиенти? Да купат подарок или да им организирате цел настан?

Тоа се два различни домени во нашата компанија. Радува фактот дека младите родители во Македонија се почесто посветуваат поголемо внимание за прослава на роденденот на нивните деца. Но и возрасните кои во себе не го загубиле детето сакаат да се почестат себе си со убаво организирана роденденска забава.

1

БИ: Кои се најчудните барања со кои сте се соочиле?

Како интересен момент во нашата бизнис приказна сакам да го издвојам честитањето на роденденот на актерот Никола Ристановски. На нашата официјална Фејсбук страница објавивме слика со која ги повикавме фановите со стискање на like да му го честитаат роденденот на актерот. За само неколку часа околу 350 луѓе веќе го направија тоа. Ние од компанијата подоцна му испративме роденденско изненадување на врата – подарок масажа со шампањско и вечера за двајца со вино и вафли и ги потпишавме сите фанови од Фејсбук на честитката.
Сите барања за прослава на родендени се специфични и никогаш нема правила. Обично хавајските забави се peta okдоста популарни, а се случува да ни побараат и некои работи кои во Македонија тешко можете да ги остварите на тема роденден.

БИ: Кои се следните новости кои компанијата ќе ги понуди на пазарот?

Наскоро ќе има проширување во нашата работа. Покрај роденденот, луѓето ќе можат да подаруваат за било која пригода. Досега испорачувавме брендирани ваучери Сe за роденден дури и кога намената на подарокот беше различна. Го закупивме домеинот www.sezapodarok.mk , па од сега купувачот ќе може да одбере дали подарокот ќе биде доделен со роденденски или со ваучер за подарок.