Од први мај на задолжителни средби со даночни агенти во УЈП

31

ujp-4-580x335Управата за јавни приходи информира дека од 1 мај задолжители ќе бидат консултации со нивните даночни агенти. Средбите ќе се закажуваат преку услугата Закажи средб@ којашто ќе овозможи секој даночен обврзник да закаже термин за остварување на средба со даночен агент во УЈП – Регионалната дирекција Скопје, во време кое нему му одговара.

Агентите на средбите ќе одговараат на специфични прашања коишто се однесуваат на општи информации (рокови, начини за пријавување и плаќање даноци и др.), на информации за отворање на бизнис и регистрација на даночен обврзник, консултации за издадени даночни документи, за утврдување на даноци, а ќе даваат и информации за постапки за наплата на долгови, како и одговори на правни прашања.

Услугата Закажи средб@ ќе може да се користи он-лајн или преку Инфо центарот на УЈП. Телефонски, средбите ќе се закажуваат преку Инфо центарот (0800 33 000 или 02/3253 200) или он-лајн преку веб страницата на Контакт центарот kontaktcentar.ujp.gov.mk, којашто овозможува пристап до услугата. Таму детално е опишан начинот на закажување на средбата.